РК Прилеп и РК Филип 107
Прволигашите есенва нудат изненадувања. Наспроти прогнозите губат дома, победуваат надвор… Минатиот викенд пријатна вест стигна од Скопје, каде во рамките на 6. коло од машката лига, РК Прилеп со убедливи 21-25 (9-13) го совлада домашниот Работнички. Натпреварот израмнет само на почетокот, а натаму гостинска иницијатива, Најистакнат излезе голманот Боби Митрески. В недела (16 ч.) во арена “Сонце” е мечот со шестата, гостиварска Риниа. Убава шанса за врзување две победи за пробив над петто место.
Слично настапува женскиот прволигаш Филип 107. По одличното издание и успехот 25-23 дома над гостиварски Универс, очекувањата беа позитивни за 5. коло и гостувањето во Пробиштип, но епилогот е пораз 23-17 (13-9) од САП Акумулатори. Прилепскиот состав се држи на петто место и шанса за подобрување е ако веднаш следи победа. В недела (14 ч.) дома е натпреварот со третата Струма од Струмица.