ТЕМЕЛНИК НА ЏАМИЈА ВО ТРИЗЛА

Градбата ќе се следи со домашни и донации од граѓаните во странство

Неколку стотина Роми од муслиманска вероисповед присуствуваа на  поставувањето на камен темелникот на новата џамија во населбата Тризла. Почеток се одбележа со почитување на муслиманските ритуали и со жртвување на овца. Верскиот храм ќе се изгради за неколку години. Носител на изградбата е религиозната група ЕХЛИ СУННЕТ ВЕЛ ЏЕМИЛ, а локалните власти помогнаа за обезбедување на документацијата и проектите.

Ромите  десетина години ги изразуваа верските чувства на несоодветни места. Според имамот Алмир Сулејманоски, ИВЗ не поставувала пречки, но не дошле претставници, иако биле поканети.

Се радува за градбата претставникот на групата Сулејман Фејзулоски.

– Обредите ги вршевме на отворено кај џамијата и пративме сигнал дека е потребен објект. Добивме плац во Тризла. Со религиозната група побрзо ќе ја градиме Тризла џамијата во населбата со Роми. Граѓаните ќе помагаат, особено со сонародниците во странство. За две-три години ќе клањаме – вели Сулејманоски.

– Не е важно каде е верскиот храм, туку да го има и да не шетаме по куќи за изразување на верските чувства. Местото е погодено, оти тука живеат Ромите – муслимани – вели Сенад Сулејманоски.

Градоначалникот Марјан Ристески помогна да се остварат писмените  барања од граѓаните со исламска вероисповед.

– Околу две илјади Роми имаа петиција за градба на џамија во ромската населба. Храмот е важен за населението. Прилепчаните, Македонците и Ромите отсекогаш низ вековите живееле заедно со почитување на традицијата и културата – вели Ристески.

Заменик-министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими рече дека, како дел од Владата, дава поддршка за градбата, зашто е приоритет почитувањето на верските слободи.

Советникот Сами Јашароски истакна дека религиозната група е  рамноправен правен субјект, иако функционира надвор од ИВЗ, оти е  регистриран според законот.

Според градоначалникот Ристески, министерството за култура најави реконструкција на Чарши џамијата, која е споменик на културата, заштитен со закон, и кој ќе се претвори во национален музеј на исламската култура.

Амди Бајрам ќе донира три плати

Со три плати ќе ја поддржи градбата на џамијата пратеникот Амди Бајрам.

– Не е проблем за средства. Хуман човек сум. Давам за џамии. За прилепската ќе дадам три плати. Ќе дадам десет илјади евра за бетонските блокови за градбата. Убеден сум дека ќе се стави покрив за 45 дена – рече Бајрам на поставувањето на темелите. Сите муслимани сме едно. Кога може да има по десет џамии во едно село, зошто да има рекации во Прилеп за една  – рече Бајрам на поставувањето на темелите.

Loading