ПРЕТСЕДАТЕЛСКА ФАЛБА ЗА ТРИ УЧИЛИШТА

Претседателот Ѓорге Иванов им додели сертификати на директорите Петре Крагуески од ОУ “Кочо Рацин”, Трајче Каралиоски од ОУ “Гоце Делчев” и Катерина Чавлеска – Трпкоска од ОУ “Рампо Левката” за придонес во збогатувањето на манифестацијата “Спортот, како фактор за толеранција, заедништво и почитување”. Тие, придружувани од по еден ученик, присуствувале на програмата во Скопје, каде, покровителот, шефот на државава, им ги доделил сертификатите , кои ќе претставуваат дополнителен стимул за продолжување на и така успешното спроведување на иницијатива од претседателот.

Loading