За малите и средните претпријатија
Македонската банка за подршка на развојот (МБПР) ги презентира новите кредитни линии за малите и средните претпријатија на членките на Регионалната стопанска комора за Прилеп и Крушево. Бизнис секторот детално се информира за можностите за пристап до различните кредити и за другите финансиски инструменти кои им помагаат на компаниите. Бизнис заедницата ја привлече кредитната линија од 100 милиони евра, со годишна фиксна камата од 5,5 отсто и вклучени банкарски услуги. Банкарите ја нагласија кредитната линија за преработка и извоз на земјоделски производи и линијата од ЕИБ .
На презентацијата учествуваше и градоначалникот Марјан Ристески.