Како од научно фантастичен филм. Застава 750, позната како Фиќо се најде (се врати од минатото?!) на паркингот помеѓу странските возила со “марка”. По кревањето на “автомобилската завеса” за увоз на половни странски автомобили, вистинска реткост е да се види Фиќо на градските улици. Некогашната гордост на крагуевачката Застава се загуби меѓу голфовите, опелите, луксузните џипови… “Диносаурусот” меѓу автомобилите можеби е уште гордост на наш сограѓанин, судејќи по убавата светло сина боја и полираната каросерија. Дека Фиќовците не умираат сведочи фактот што нова модерна верзија на старото одамна извади Фиат, а неодмана и од Крагуевац. Новото Фиќо чини околу 15 илјади евра. По овие цени ќе илезе дека местото на магарето му е меѓу атовите за трка.