МЕДАЛИСТИ ЗА ПЛЕЈ ОФ

Карате

Нови успеси на каратистите на државното карате првенство за кадети и јуниори во Велес. Каратистите од КК Ронин на Елизабета и Златко Димоски дури 17 пати се искачија на пиедесталот. Први места се за Поликсенија Јованоска, Даниел Петкоски, Маријана Димоска, Николина Матракоска, Симона Стојкоска, ката тимот Мишела Димоска – Маријана Димоска – Искра Каракашоска. Втори места зазедоа Мишела Димоска, Марија Матракоска и Ивона Стојаноска. Третопласирани се Андреј Бошкоски, Искра Каракашоска, Марија Зероска, Мишела Димоска, Николина Матракоска, Симона Анџиева, Марија Митреска и Марија Матракоска.

Од КК Бонсаи на Валентина Пурдеска втори места освоија: Филип Ристески поединечно и тимот Александар Стојаноски – Дамјан Ристески – Кирил Трајкоски. Трети се Александар Стојаноски и Мартин Петрески.

Медалистите ќе се борат по бергер систем секој против секого, претстојниот викенд, а најдобрите стануваат репрезентативци за европско првенство во февруари во Турција.

Loading