ЌЕ СЕ ГРАДИ АВТОБУСКАТА НА МЕСТОТО НА ПОЖАРНАТА

Продаден плацот за транспортниот центар

По неколку неуспешни тендери, конечно се продаде земјиштето во близина на железничката станица, каде ќе никне транспортен центар и ќе се дислоцира автобуската станица. Парцелата од 5299 м2 е продадена на електронска аукција за 970 денари за м2, после почетната цена од 880 денари.

Додека фирмата која го купила плацот не го плати земјиштето, градските власти не го обелоденуваат инвеститорот.  Но, се знае дека инвеститорот треба да изгради автобуска станица со објект со приземје и два ката или вкупно 11.171 метри квадратни и да го урни противпожарниот до парцелата. Градбата треба да заврши за шест години, откако ќе се добие дозволата.

Противпожарниот дом со единицата за противпожарна заштита ќе се пресели во старите простории на СОУ “Ристе Ристески – Ричко”, кои ќе се адаптираат. 

Loading