
Министерот за образование Панче Кралев свечено ги пушти во употреба кариерните центри во гимназијата
“Мирче Ацев” и СОУ “Ѓорче Петров”. Инвентарот и идејата се на УСАИД, па одговорниот за Македонија, Роберт Вурц, истакна дека со центрите ќе се овозможи подобра соработка со сертифицираните професори и учениците на животниот крстопат за понатамошно образование.
Градоначалникот Марјан Ристески потенцираше дека вакви советувалишта се прекупотребни, бидејќи ќе помогнат за израмнување на понудата и побарувачката на пазарот на трудот. Директорите Кирил Николоски и Дејан Димоски се надеваат дека за кратко време ќе бидат видливи резултатите од кариерните центри.
Вакви центри за насочување и советување на средношколците има во сите средни училишта во градов.
![]()

