Џудо
На плоштадот “Александрија”, покрај лошото време се одржа манифестацијата “Џудо за сите”, во организација на ЏК Сеишин. Во чест е на роденденот на основачот на овој спорт, Џигоро Кано. Беше извршена презентација на џудото пред сограѓаните.
Претходно во Скопје се одржа меѓународен турнир. Од Сеишин 15 учесници зедоа осум медали. Највисокопласирана, втора е Александра Најдоска, а трети се Мирко Талески, Бојан Синадиноски, Мартин Тодорчески, Давид Синадиноски, Филип Јорданоски, Валерија Јаковлеска и Борче Тошески.
Тошески се покажа и на европскиот куп во Белград. Во мошне силна конкуренција на 33 ривали, во 1. коло забележа победа над Србин, а отпадна од Романец.
![]()

