ЦЕНТАРОТ ЗА КУЛТУРА ЌЕ СОРАБОТУВА СО МОСКВА

ЦК “Марко Цепенков” воспостави соработка со ЦК на  Московскиот дом на Армијата за заеднички ликовни и музички настани и за размена на уметници од двете земји. Соработката е плод на претставувањето на прилепската културна установа на Арт фестивалот Руско – балкански форум во Москва каде со свои дела учествуваа сликарот Тони Чатлески и новинарот – фотограф Каролина Мицевска, меѓу балканските и руските уметници.

Loading