Претставата “Антиумешност”, во режија на Саша Нацевски ја виде демирхисарската публика. Претставата говори за современиот начин на живот. Гостувањето на ЦК ,,Марко Цепенков,, беше во рамките на Регионалните денови на културата во пелагонискиот регион.
Во рамките на манифестацијата во ликовниот салон е отворена изложба на носии од битолскиот Завод и Музеј, додека во Ресен, Центарот се претстави со изложба на дела од колонијата Дрен.