УПИСНИНА ЗА 100 ДЕНАРИ ЗА БИБЛИОТЕКАТА

Месец на книгата

До 15 ноември уписнината за сите возрасти и категории  во градската библиотека е само 100 денари и важи една година. Намалувањето на членарината е по повод одбележувањето на октомври – месецот на книгата.

Од 15 октомври до 15 ноември со низа настани библиотеката “Борка Талески” ја популаризира книгата меѓу децата и возрасните. Во тек е и конкурсот за избор на најдобар рецитатор и за најдобра лична творба.

Loading