Со проектот на локалната самоуправа “Пријави проблем” годинава успешно се решени 1136 комунални маки на граѓаните. За една година преку електронската пошта, телфонски контакт и лична пријава се барало отстранување на 1184 комунални проблеми, од кои 1136 се сметнати од “дневен ред”. Останатите се во фаза на решавање. Граѓаните пријавувале расипано улично осветлување, оштетен асфалт и сообраќајни знаци, оштетени шахти, дивоградби, депонии, па сé до хаварисани возила. Со градежни активности се решени повеќе улици со ударни дупки, кои се навреме санирани. ЈКП Водовод и канализација ги нивелира пријавените шахти, а поставени се и нови сообраќајни знаци.
Проектот “Пријави проблем” останува најпрактична врска меѓу локалната самоуправа и граѓаните.