СЕ ТРАГА ПО ПРИОРИТЕТНИ ПРОЕКТИ

На втората сесија на програмата “Форуми во заедницата” се говореше за остварените приходи во општинскиот буџет за 2012. Се презентираа и планираните за 2013 година. Учество зедоа претставници од општината, швајцарската агенција за развој и соработка, центарот за институционален развој и голем број граѓани.

Програмата ја поддржува децентрализацијата и овозможува учество и одлучувачко влијание на граѓаните во развојот на заедницата на локално ниво  за определување на приоритетите за социо-економски развој.     

Швајцарската агенција за развој и соработка и локалната власт се договорија да учествуваат со по 40 илјади франци за реализација на нужен и итен проект, а кој непосредно, на форумите, граѓаните ќе го изберат за приоритетен за решавање.

На ваков начин се уреди Могилата на непобедените и се изградија пешачките патеки  во подножјето на Марковите Кули

Loading