“ТЕЧЕ” МЕД НА ПЛОЧНИКОТ

Трет пат друштво на медари “Братство” го организира тридневниот  фестивалот на медот на плочникот. До сабота дваесетина одгледувачи на пчели го промовираа медот и пчелните производи за здрава храна под  мотото “Медот како инвестиција за здрав живот”. Медари од цела Македонија ги раскажуваа фактите за предимствата на медот во исхраната.

Се препорачува во домашната аптека да има барем една тегла со овој пчелин производ, затоа што бенефитите од употребата се некогаш подобри од модерните лекарства. 

Одамна се познати позитивните ефекти на медот врз човековото здравје. Од антиката до денес се користи за мевлем за многу телесни тешкотии. Познатиот германскиот писател Фридрих Ниче рекол дека медот му ја зајакнува крвта и му ја смирува душата. Во втората балканска војна, медот го користеле за лечење на грип, катаракта, глаукома, а во модерно време откриено е дека медот ги стопира бактериите отпорни на антибиотици, па и за санирање на изгореници на кожата.

Loading