ПРИЛЕПЧАНИ ВО ПОСЕТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ВРАЊЕ

На повидок е развој на плодна културна и стопанска соработка меѓу нашата општина и Врање од соседна Србија. Договорите за формите и начините на соработка ги резгледуваа прилепските претставници од Локалната самоуправа предводени од Илија Димоски – Шаторо, неколкумината бизнисмени, како и директори на јавните, образовните и културните установи од градов со нивните колеги од Врање. На состанокот во Врање, биле презентирани областите на соработка. Посетата на Општината, финиширала со заедничко дружење на македонска вечер, организирана од традициналното македонско здружение од Врање, а на која присуствувал и градоначалникот Марјан Ристески.

Прилепска делегација и лани го посети Врање попатно, при посетата на Кралево. При враќање за Македонија го посетиле и манастирот Прохор Пчински.

Loading