ПРАЗНУВАЊЕ СО ЧЕСТ И ПОЧЕСТ КОН СИТЕ

Со почит кон великаните од македонската историја и со одбележување на инвестициските зафати во културата, каде се чува духовното за навек, достојно и свечено се одбележа 23 Октомври, празникот кога се слави почетокот на револуционерната борба. Два дена подоцна градоначалникот Марјан Ристески, освен желби за радост и здравје, кон верниците од муслиманската вероисповед, по повод празникот Курбан Бајрам на жителите од селото Канатларци, им “подари” и асфалтиран пат, сечејќи лента.

Со цвеќе се закитија спомениците на Ѓорче Петров, Пере Тошев, Кузман Јосифовски – Питу, Методија Андонов – Ченто, Могилата на непобедените. Ристески се поклони и на гробот на Методија Патчев во Кадино Село.

{vsig}PRAZNIK/228/praz{/vsig}

Празникот беше повод, во “македонската Света Гора”, како што ја нарече министерката за култура Елизабета Канческа Милеска, населбата Варош, да се постави камен темелник за реконструкција на источниот конак во манастирот Св. Архангел Михаил. Таа го посети и локалитетот Стибера каде летово се конзервираа истражените работи во минатите 4 – 5 години. Градоначалникот Ристески ја посети и реконструкцијата на Стара црква, како и куќата на Бектешовци. А жителите на Беровци за празникот добија детско игралиште.

Не помалку чест и почест имаше и за муслиманскиот празник Курбан Бајрам. Канатларчани добија нов асфалтен пат со што се огледа грижата на Општината кон населените места. Таткото на Општината седна и на празничната софра кај гостопримливите жители од Канатларци, зашто општина со среќни жители се развива само со соживот, почитување и заедничка соработка.

Прилеп и прилепчани знаат да празнуваат, почитуваат и грабат кон подоброто утре во просперитетен европски град. 

Loading