ПОЈАДОК СО “ВИТАМИНКА” И ВО АРАПСКИТЕ ЗЕМЈИ

Витаминка го прошири пазарот кон Обединетите арапски емирати, извезувајќи ги корнфлексите “Дардо” и “Чока Мока” и на арапскиот пазар.

– Отсекогаш сме биле извозно ориентирани. Тоа го покажува и процентот на извоз што е речиси 50 отсто од производството. Со извозот во Обединетите арапски емирати отвораме пазар од осум милиони потрошувачи. Пласманот на светскиот пазар не застанува, бидејќи визијата е експанзија и промоција секаде низ светот – вели Љупчо Велески, директор на извоз на “Витаминка”.

Витаминка почна да извезува “Чоко стоби флипс” во Саудиска Арабија, проширувајќи  го пазарот за 28 милиони потрошувачи.

Прилепската прехранбена индустрија веќе пласира производи во над 25 земји.

Loading