Во СОУ “Кузман Јосифоски-Питу”
Инспирирани од празникот “Halloween” или “Ноќ на вештерките” членовите на англиската секција, водени од професорката Спасија Нешкоска Цуцулеска, го донеле американскиот дух на овој “страшен” празник во училиштето. Учениците се поделиле во тимови со одредени задачи, како што се организација, компјутерски дизајн, реализација, продажба и слично. Еден од тимовите изработил штанд за продажбите, декориран во боите кои го симболизираат празникот. Пред празникот – 31 Октомври, успешно се одвивала продажбата на мумии, вештерки, духови, пајажини и метли. Се продавале картички и колачиња во духот на мрачниот, но весел ден. Вниманието го привлекле картичките со страшни пораки и разновидните слатки и колачи во форма на мумии, вештерки, метли и пајаци, подготвени од учениците, по рецептите на родителите. Кулминација на прославата на “Halloween” ќе е следната недела, за кога се подготвува невидена фешта, со сите адети преземени од Американците, а зачинети со македонска умешност. Собраните средства ќе се наменат за хуманитарни цели.