Три деца уживаа во октомвриското капење на џапмпинг фонтаната пред ЦК “Марко Цепенков”. Тие не ја издржаа горештината од 22 степени, па се втурнаа под млазевите, кои бликаат вода во компјутерски такт. Не им било студено, туку почнале да се потат, и решиле да се разладат. Капењето им станало и забава. Жалаат што не носат гаќи за капење. Било срамота да се капат по долната облека. Затоа меѓу шепурките на фонтаната трчаа облечени и жива вода сторени. Сонцете им ги исуши маиците и пантолоните.