НАЈВИСОКИ СТАНДАРДИ НА СВЕТСКИТЕ КУПОВИ

Моделарство

Впечатоците се сумирани по двата светски купа во воздухопловно моделарство на аеродромот кај Мало Коњари. Масовност, како никогаш порано, над 50 моделари од 16 земји. Покрај учесниците од поранешна СФРЈ, задоволство беше да се видат од Турција, Австрија, Финска, Германија, Русија… Коментираа низ форуми и германски весник дека манифестацијата е најдобро организирана во Европа!

– Понудивме највисоки стручни и организациски стандарди, повеќе од протоколите. За врвните реузлтати помогнаа временските услови – вели Здравко Тодороски, директорот на куповите.

До ова ново се стигна со ангажман на повеќе субјекти. Локалната со градоначалникот Марјан Ристески беспрекорен покровител, а спонзорите со звучни имиња Комфи Ангел и Микросам, во чии простории се доделија признанијата. Имаше медали и пехари, а првпат и трофеј на Прилеп за најдобриот, Аброж Вртовец од Словенија.

– Куповите го вратија во живот овој спорт и младите, како медалистот Бојан Димески, се интересираат за дисциплините. На прав пат сме и догодина да го оправдаме рејтингот – истакнува Тодороски.

Loading