РК Прилеп
Трет пораз на РК Прилеп на петтиот настап есенва во машката прва ракометна лига. Загубен е со 29-31 на домашен паркет од Охрид. За разлика од претходниот дуел во Струга, кога “кумуваа” судиите, сега причината се бара во сопствените редови. Од клубот велат дека се направиле премногу технички грешки. Викендов за тимот на Орде Илиески е гостувањето кај скопски Работнички.
Добро се држи женскиот прволигаш РК Филип 107. По несреќниот минимален пораз во Виница, следеше поправање дома со 25-23 против поранешниот суперлигаш, Универс од Гостивар. Екипата на Елизабета Филипоска, комбинација од искусни и мошне млади ракометарки, има стратегија за 100 отсто прилепски состав. Целта е прогрес низ многу натпревари. Викендов е гостувањето на САП Акумулатори во Пробиштип.