ЕКО СВЕСТ ПРЕКУ МОДНА РЕВИЈА

СОУ “Ристе Ристески – Ричко”, од учебната 2011/12 г., преку Министерството за образование почна со имплементација на програмата “Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем”. Еколошката едукација се доближува на средношколците на поинаков начин, а “… Ричко” учествуваше и на модната ревија Trash Fashion Macedonia 2012., организирана за подигање на свеста за намалување на отпадот преку реупотреба и изработка на модели од рециклирани материјали. Се претставија 37 училишта со по една креација, изработена од средношколците. Моделот на “… Ричко”, “Девојката со чадорите”, и тимот Ангела Ристеска, Мартина Богатиноска и Марија Мојсоска под менторство на професор Марија Стојаноска успеаја да се пласира во првите 10 места.

Вториот Trash Fashion Macedonia потврди дека постојат многу млади креативци, кои на оригинален начин учат, аплицираат и пренесуваат еколошки иницијативи.

Loading