ДЕСЕТ МЕДАЛИ

Гимнастика

Одлични гимнастичари од КГС Партизан Прилеп. Колку посакуваше тренерот Златко Ангелески, толку медали освоија на финалето од државната А лига во Битола. Рамо до рамо се со фаворизираните домаќини. Први места се за Џулијано Христоски, Стефани Спиркоска, Андреја Ангелеска и Ивана Јанкоска. Демонстрираа врвна гимнастика. Втора е Хелена Зографска, а трети Марија Здравеска, Мартина Јездиќ, Димитар Илиоски, Андреј Деспотоски, Дино Бошњак. Да нема забуни, Бошњак беше најдобар меѓу јуниорите, но, бидејќи поради повреда, вежбаше само на три справи, рангиран е трет.

Следен  натпревар е Б лигата на 10 ноември во Скопје.

Loading