ДЕЛАТА ОД ДРЕН ВО РЕСЕН

Вечерва во Домот на културата “Драги Тозија” во Ресен ќе биде отворена изложба на дела од ликовната колонија Дрен. До 3 номеври ќе може да се видат делата инспирирани од манастирскиот комплекс Свети Илија за време на еднонеделната интернационална ликовна колонија што ја организира веќе пет години ЦК “Марко Цепенков”.

Изложбата во Ресен е во рамките на Програмата “Регионални Денови на културата”, што се реализира во повеќе општини од битолско-пелагонискиот регион.  

Loading