БЕРОВЦИ ДОБИ НОВ ПАРК

Паркот од 1400 м2 во селото Беровци беше свечено отворен во присуство на населението, јавни и општествени работници. Урбаната опрема ја предаде на користење на децата градночалникот Марјан Ристески.

Жителите се задоволни од изгледот и функционалноста на паркот.

Паркот, вреден 600 илјади денари, се изгради со средства од Комуналец и локалната самоуправа.

Директорот на “Комуналец”, Златко Ристески вели дека ќе се продолжи градбата на паркови во населените места, а убавината во маалските паркови ја гледа во сјајните очи и насмевките на децата, додека уживаат во игрите во парковите.

Досега се изградени 11 паркови во селата, а за 2013 година ќе се градат и во населените места каде децата немаат катче за игра и забава.

Loading