ЗОШТО ГО СЛАВИМЕ 11 ОКТОМВРИ?!

Умните првоодделенски главички многу ги сакаат празниците! Им се радуваат од сé срце, иако баш и не им е јасно што е работата. Но, нели одат на училиште да научат… Тка дојде ред да научат зошто токму 11 Октомври е празник. Но учителката не да им каже за да си знаат, таа ги запраша: зошто го славиме 11 Октомри?

И….еве зошто:

Ана: Зошто е празник!

Горан: За да има знамиња по улиците.

Сара: За да не ме чува баба ми.

Андреј: За да пукаат ракети, оти е Нова година!

Марија: За да одиме в чаршија и да си купиме балон и пуканки.

Христијан: Снемува струја и гледаш на горе и сé е шарено и убаво.

Јана: Празник е и ќе правиме ајвар.

Александар: Славиме и ќе се јавиме на телефон да му го честитаме роденденот на Боби.

Loading