СОЛЗА ОД КАМЕНЧИЊА ЗА ТОШЕ

Мозаик висок пет, а широк три метри, посветен на ликот и делото на големата македонска и балканска музичка ѕвезда Тоше Проески, од уметникот Ристо Тошески беше поставен крај Арт плоштадот за пет годишнината од неговата смрт. Во форма на солза е мозаикот, од кој извира вода со езерце во кое ќе се отсликува ликот на  пеачот. Комплексот го симболизира животот на Тоше, творештво и хуманите активности. Многубројните почитувачи велат дека ова спомен обележје ќе биде ново место за дружба и светилиште на младите од земјава и странство.

Градоначалникот Марјан Ристески потсети дека музичкиот пат Тоше го тргна од Прилеп пред 15 години, кога првпат се качи на сцената и ја освои првата награда на фестивалот на млади таленти Мелфест со изведувањето на песната Ѕестердаѕ од Битлси. Затоа градот му оддава достојна почит со грандиозно дело.

Групата Трета димензија ги исполни најголемите хитови на Тоше.

Loading