Гимнастика
В сабота во Битола е завршниот натпревар од државната А лига во спортска гимнастика. Дури 13 членовите на КГС Партизан претендираат на медал. Сите се добро подготвени.
– Очекувањата ќе ги оправдаме. Напорите нужно е да се крунисаат со медали. Пак ќе сме најдобар клуб – вели Златко Ангелески, тренерот.
Генерацијата ја предводи Дино Бошњак. Натпреварот ќе е уште еден тест за проверка на формата. Неодамна совлада нови техники на подготовките во Ирак и турнирот е добредојден за натамошните настапи на меѓународни турнири низ Балканот.