Дарко Рибароски – директор на ЈОУ – Дом за стари лица
Какви се капацитетите и како е уреден домот?
– Јавната општинска установа – Дом за стари лица “Киро Крстески – Платник” располага со 69 соби за сместување на 149 лица. Градот отсекогаш негувал грижа за старите лица. Првиот бил кај здравствениот дом уште во 1951 година. Објектот од 1977 година е наменет за нега на стари и изнемоштени лица. Располага со 7000 м2, на кои, покрај зградата, има и партерно уреден дел со фонтани и патеки, и дел на кој штитениците можат да одгледуваат зеленчук, со двоен бенефит, односно, заштедување од набавка за кујната, а и штитениците се чувствуваат корисни, што важно во нивните години.
Со намалувањето на наталитетот индиректно се зголемуваат лицата кои не можат да се грижат за себе. Која е улогата на домот?
– Достигнат е максимумот на сместени лица. Пополнети се сите легла. Петнаесетина се на списокот на чекање слободно место. Во соработка со Центарот за социјални грижи се направени приоритети за сместување. Најбитна е социо – економската состојба на потенцијалниот штитеник, желбата за сместување и здравствената состојба. Живеат штитеници од цела Македонија, бидејќи постојат само четири установи од овој карактер. Надоместот за сместување на подвижните лица е од 7200 денари до 9400 денари месечно, вклучувајќи ги трошоците на три оброци дневно, греење и медицински персонал. Лежечките станари плаќаат од 8400 до 11300 денари месечно, поради спецификата на третманите и повисоките трошоци за ангажирање персонал и материјални трошоци.
Станарите се и здравствено згрижени?
Пружаме 24 часовна здравствена заштита и квалитетна исхрана. Животниот век не завршува во третото доба, па се грижиме да организираме програми од културно – забавен карактер, екскурзии до излетнички места, а за празниците чести гости се децата од основните училишта. Располагаме и со две простории за дневен престој, опремени со телевизор и други реквизити за забава и дружење.
Кои се зафатите за подобрување на условите?
– Во домот има 32 вработени со постојан работен однос. Најголем број се медицински сестри и геронто – хигиеничари, готвачи, бербери, а покрај нив има и физиотерапевт, социолог и психолог, т.е. сé што е потребно и пропишано по законот. Недостасуваат медицински сестри и геронто – хигиеничарите. Затоа ангажираме волонтери. Има места и за готвачи, затоа што ја спремаме храната за народната кујна.
Успевате ли да одделите средства за солидно одржување?
Зградата е стара со децении. “Подмладувана”е неколкупати. Сменет е покривот, реновирани се санитарните јазли, адаптиран е просторот за непречено движење на лицата со хендикеп, поставени се нови плочки и дограма. Набавени се и нови душеци и постелнина. Најнов проект е реновирањето на кујната, според ХАССАП системот, со што уште повеќе се зголеми квалитетот на услугите.
Кои се проектите за во иднина?
– Прекупотребни се нови соби. Изготвен е план за надградба на објектот за апартмански уредени плус 60 легла. В година почнува Декадата на стари лица низ цела Европа, па имаме убава шанса да аплицираме за финансиски да го покриеме овој проект. Без оглед на тоа дали ќе ни одобрат средства или не, ќе почнеме и ќе го завршиме зацртаното.