РЕДОК НАСТАН

Стрелаштво

Во стрелиштето “Марко Цепенков” се одржа 26. меѓународен турнир “ОПЕН Македонија” во гаѓање со воздушно оружје. Одлични резултати се постигнати со пушка. Првопласираниот Милош Тасиќ (Врање, Србија), погоди 596 круга од можни 400. Втора беше младата Нина Балабан од Охрид, која изненади со 583, а трета е Меланија Здравковиќ (Врање) со 578. Од прилепчаните Круме Чешелкоски (Херој Прилеп) осми со 549. Во дисциплината пиштол победи нашата златна параолимпијка, Оливера Наковска – Бикова и тоа далеку пред сите со 573 круга. Втора е Маја Чешелкоска (Х. Прилеп) со 553, трет Орданчо Стојаноски (Х. Прилеп) со 551.

Домаќин на реткиот настан, (втор годинава во земјата!) беше СК Херој Прилеп со Локалната самоуправа.

Loading