Го проколнувам тој проклет час
кога запре времето за сите нас
никогаш нема да ти простам јас
што замина така без поздрав од нас.
Ноќва душава на небо плови,
погледот безброј ѕвезди лови
една ѕвезда знам душава јас
ќе ја препознае по тој ангелски глас
кој остави траги за секогаш во нас.
Ирина Јованоска IV-6
ОУ “Добре Јованоски”