ОУ “БЛАЖЕ КОНЕСКИ” ОТАДЕ ВАРДАР

Ученици, претставници и наставници по македонски јазик, ликовно и историја од ОУ “Блаже Конески” потпишале меморандум за соработка ОУ “Св. Кирил и Методиј” во Македонска Каменица. Прилепчани биле гости и на СОУ “Миле Јаневски – Џингар”. Делегација положила свежо цвеќе на бистата на Џингар, а домаќини им биле и општинските претставници.

Колегите и учениците размениле промотивни материјали и искуства меѓу двете општини и училишта за да воспостават подлабока соработка. Нашите деца и наставници биле сведоци на програмата за Денот на наставникот, подготвена од учениците на двете училишта.

Точилчани ги очекуваат да им бидат гости пријателите од Македонска Каменица за 3 – ти Ноември, за Денот на ослободувањето на Прилеп, како и на 19 декември, за патронатот на училиштето.

 

Loading