Долгогодишниот поет и прозаист Тони Павлески се закити со прва награда за хаику поезија од Хрватскиот магазин за култура и образование “Диоген”. Тој е пофален за поединечна хаику творба. Ова не е првпат Павлески да добие награда на меѓународни поетски натпревари, потврдувајќи го талентот за убав пишан збор. Застапен беше и во збирката поезија “Со стихот зборувам”, со уште 36 автори од повеќе балкански земји.
Павлески подолго време пишува поезија, а членува во Клубот на литературни творци. Досега има издадено две збирки поезија – “Воскресозборие” и “Икона”.