Кумановчани се смееа до солзи во претставата “Од кол на кол 2” во режија на Коле Ангеловски, што нашиот театар ја одигра на завршницата на манифестацијата “Денови на комедијата”. Публиката не се воздржа и се “препелаше” од смеа на згодите и незгодите во претставата. На крајот актерите беа наградени со долготраен аплауз.
И нашите сограѓани ќе уживаат во духовитите фрагменти на продолжението на досега одиграната прва претстава “Од кол на кол”, која се прикажуваше осумдесетпати.