КАРТУШ НА ПОКЛОН НА САНДАНСКИ

Бугарија им се бендиса на картушовци, па минатата недела, 90 -тина планинари повторно ја минаа границата, ама овој пат со поинаква мисија. За да не се заборави делото на големиот македонски револуционер и војвода Јане Сандански се поклониле на неговиот гроб во селото Мелник. Попатно, со релаксирана прошетка, го посетиле Рилскиот и Роженскиот манастир.

На “домашен фронт” група од 25 планинари марширале од селото Житоше и поминале низ селото Селце – родното место на војводата Веле Марков. После се упатиле кон манастирот Пресвето Преображение, крушевско, со крајна дестинација Гумење и гробот на прерано згаснатиот живот на поп ѕвездата Тоше Проевски.  

Loading