Прволигаши
Втор пораз на РК Прилеп на четвртиот настап есенва во машката прва ракометна лига. Загубен е со 29-28 дуелот на гостувањето кај лидерот Струга. На полувреме било 14-14 и неизвесно до крајот. На исходот влијаело лошото судење на битолските браќа Илиевски. Најефикасен како на претходниот меч, Бозароски со 12 гола. В недела (12 ч.) е наредниот дуел, во арената “Сонце”, против ривалот со идентичен скор и освоени шест бода, Охрид.
Иста судбина доживеа и женскиот прволигаш, РК Филип 107. Во Виница загуби со 17-16. Мошне тесно било уште првото полувреме, кога се постигнале скромен број на голови, за резултат 6-4. Гостите покажале дека се тврд орев во оваа конкуренција.
После три кола има три бода, а нов обид за триумф е веќе в сабота (12 ч.) во арената “Сонце”. Ривал е Универс од Гостивар, кој не е за потценување.