ЕВЕРГРЕЕН СО 23 БУНАРИ

Прилеп мие улици, полева паркови, а во фонтаните блика вода од 23 бунари, со дарежливи 150 литри во секунда. Неколку располагаат со вода за пиење, проверена од Центарот за јавно здравје. За седум ипол години ЈП Комуналец и локалната самоуправа вложија над 15 милиони денари за копање бунари и до 90 метри длабочина, за инсталирање мрежа и пумпи за користење за подземното водено богатство. 

– Водата за полевање е услов да се гради парк и да се одржуваат постојните зелени површини, а предуслов за чист град е да има вода за миење. Затоа ископавме бунари во механичката работилница, на депонијата, во старите и нови гробишта, на улицата, “Петта прилепска”, во “Димо Наредникот”, во типската населба, Ѓогдере, три во Точила, во Бончејца, кај зградите под и пред касарните, во центарот, на плоштадите Алексадрија и на Методија Андонов – Ченто, потоа во паркот кај судот и пред Центарот за култура, два бунара има на Паркот на револуцијата, потоа на градскиот стадион, зградата Македонија и стадионот Могила. Продолжуваме да “бараме” вода во утробата на земјата и да го експлоатираме дарот на природата за да имаме секогаш свеж и зелен град – вели Ристески. 

Според Комуналец, градот цвета и лете и зиме, што е живот за зеленилото со вода. Водата е и перспектива за освојување на нови парковски површини. Предноста на бунарите е во лесното чистење на улиците, оставајќи ја водата од градскиот водовод за потребите на граѓаните.

Технолошка вода користат и фонтаните на Могила, во Димо Наредникот и на Паркот кај судот и кај мозаикот на Тоше Проески.

Loading