Блеснаа учесниците од Македонија, Русија, Украина, Белорусија, Романија, Бугарија, Србија, Унгарија на 12 -тото издание на интернационалниот детски фестивал “Ѕвездички”. Се покажаа во вистинско светло се родија нови детски хитови, а ѕвездичките пееа за шарена сништа, за симпатии, за радосни времиња, за патувања. Сепак Гран При наградата отиде кај скопјанецот Вјечеслав Поповски за композицијата “Светот не е ист за сите”. Тој ќе ја претставува Македонија на фестивал во Холивуд.
Не помалку успешни настапи имаа нашите Ана Георгиеска, Анастасија и Филип Шабаноски, Адам Катароски, како и Русинката Николета Шонус, Летонката Санта Мачукане, Украинката Евгенија Павленко…