ДВА МЕЧА ВО ЕДЕН ДЕН

Пинг – понг

Солидно се покажува дебитантот во пингпонгарската Супер лига, ППК Прилеп. По стартниот пораз дома со 2-5 од штипски Гоце Делчев, “нанижа” две победи, 5-3 со локалниот ривал Младост 96 и 5-2 со Струга. Издржа составот Саше Јаковлески, Бојан Базеркоски и Гоце Тошески два меча во еден ден!

Од трите прилепски тима најлошо стои Младост 96. Загуби трипати, покрај од Прилеп, уште по 5-0 од скопските Работнички и Влае. Не се препознава трикратниот и актуелен шампион, Младост. Составот од искусните Зоран Јованоски, Ѓоко Јочкоски, Благоја Бошевски и младиот Андреј Лашкоски лани не загуби ниту еден меч, а есенва не издржа ниту три кола. По првиот успех од 5-0 над Силни дечки од Куманово, следеа два пораза, по 5-3 од Работнички и Влае.

Младост со само два бода веќе заостанува зад Работнички, Влае и Гоце Делчев, кои имаат по шест. Викендов е пауза поради турнир во Штип.

Loading