СО “СТРАВОВИ”, МЕЛВИЛ СЕ ВРАТИ ДОМА

Таинствената содржина на крими – еротскиот роман “Стравови” на нашиот сограѓанин Даниел Мелвил, во издание на неделникот Зенит, со пластичното доловување на фрагментите од романот на рецензентот, професорката Виолета Христоска и автентичниот начин на читање на избрани извадоци од делото на актерите Димитар Вандески и Марјан Чакмакоски ја направија едночасовната промоција на книгата во незаборавен и возбудлив уметнички чин, ретко виден  во салата на градската библиотека.

Неколкуте десетици љубители и почитувачи на авторот кој повеќе од половина век од животот го минал во Швајцарија и Франција, а последниве шест – седум години се вратил на родното огниште, доживеаја вистинско уметничко патешествие низ десетици ликови. Мелвил, кој романот првин го пишувал на француски јазик, а во Прилеп го превел на македонски јазик, се покажа како надарен творец и на прозата, покрај поезијата.

Loading