Историја
Според теркот на поголемите фудбалски стадиони во поранешна Југославија, пред 40 години и на прилепскиот бил поставен семафор. Повозрасните се сеќаваат дека поводот бил квалификацискиот меѓудржавен натпревар за олимпијадата 1972, меѓу Југославија и ДР Германија (0-0). Семафорот беше на покривот, над гостинската соблекувална. Најобичен, од тенеќија. Во првите мечеви праќаа деца да ги менуваат бројките кога паѓаа голови. Изгледа тешко одеше. Беше проблем механизмот. Го поправаа, никако не се најде решение и кренаа раце. Натаму, стоеше “замрзнат”, сокогаш со ист резултат, 1-1. Мечот непочнат, а 1-1! После ја снема едната единица и остана само една бројка.
Стариот семафор го демонтираа 2004 година, кога се готвеше уривањето на старата трибина на стадионот “Гоце Делчев”.