Изложба со 60 паноа фотографии и документи за “Прогонуваните, затвораните и осудуваните за самостојна Македонија” е отворена во салонот на ЦК “Марко Цепенков”. Претседателот на Здружението на политички затвореници Никола Андонов потенцираше дека историјата докажа, оти повеќето политички затвореници не биле непријатели, туку самосвесни Македонци и противници на режимот, кој безмилосно расчистувал со неистомислениците.
– Прогонуваните скапувале в затвор, оти не се помирувале да им се одзема човечкото правото на сопствен избор, правото на мисла и личен став – потенцираше Андонов.
Изложбата, во соработка со ЦК “Марко Цепенков”, ја организираше Здружението на политички затвореници од Македонија.