“Јустинијан Први” по текст од Јордан Плевнеш е монодрамата која на 18 октомври, од 19 часот, на сцената на ЦК “Марко Цепенков” премиерно ќе ја изведе актерот Петар Темелковски.
– Тоа е последната вечер од животот на Јустинијан Први, еден од најголемите римски императори, кој потекнува од скопски Таор. Задоволство е да се пренесе неговиот лик – вели Темелковски.
Костимите и сценографијата се на Тихомир Спировски.