Во ОУ “Рампо Левката”

Во салата на ОУ “Рампо Левката” се одржа манифестацијата “Запознај го својот сосед”, поддржана од Центарот за граѓанска иницијатива и училиштето – домаќин. Учество зедоа и децата од ОУ “Јонче Смугрески” од Обршани и “Исмаил Кемали” од Црнилиште.
Со специфични носии, храна и адети за нивното подрачје, учениците од трите училишта ги запознаа своите врсници со нивниот начин на живот. Претходно имало и конкурс за лични творби, па сликите и песните со содржина за заеднички живот ја исполнуваа фискултурната сала.
За учениците од трите училишта ќе се одржат и пет работилници за разрешување на конфликти.
Проектот ги поттикнува учениците од најмала возраст за соживот во мултиетничка и повеќеверска држава.
Директорката Катерина Чавлеска додели благодарници на двете училишта, Центарот за граѓанска иницијатива и на здружението Мајка Традиција. Имаше и рецитали и драмски изведби од учениците на училиштата – соседи.
Добрата пракса ќе продолжи да се негува со други домаќини.
![]()

