ПОБЕЛЕ НЕБОТО НАД О.У “ДОБРЕ ЈОВАНОСКИ”

Токму 146 првачиња од “ОУ Добре Јованоски” се приклучија на големото семејство на ученичката заедница. Повозрасните ученици на креативен начин им посакаа добредојде на најмалите. Петто и шестоодделенците со кореографија на наставничката Каролина Николоска го исполниле небото со 100 бели балони, симбол на 100 бели гулаби. Тоа била нивна идеја за одбележување на детската недела. Сакале да создадат “бел чадор” над училиштето со пораки испишани на балоните за мир, љубов и топол дом за секое дете без разлика на пол и раса.

Учениците самоиницијативно го направиле знакот на мирот со прецизна поставеност. Покрај белите балони – замена за бели гулаби, пораката за мир не можела да биде појасна.

Првачињата биле “почестени” и со рецитал, читање на лични творби, преку кои најискрено им се посакал влезот во животниот дел во трка за знаење. 

Loading