ОЛДТАЈМЕРИ “ОД ИГЛА”

По шести пат, на 11 Октовмри се собраа љубителите на стари автомобили од Скопје, Битола, Прилеп и други градови, за да ги покажат милениците што беа со децении постари од сопствениците, кои ги оставија за чалам на плоштадот Александрија. Под конец наредени Симки, модифицирани Опели од Втората светска војна, Мерцедеси, Фордови, Реноа и неизбежните Фолксваген Буби.

Околу 20 олдтајмери, одржани и “гланцнати” за Кар – шоуто, беа поделени на две места. Првото исклучиво за Бубите, а на другото беа останатите меѓу кои и најстарото возило, Мерцедес од Војната, а до него француско Рено од 1952 година.

Гордоста на газдите беше голема колку и децибелите кои ги испуштаа автомобилите кога ќе го стегнеа до крај педалот за гас. Коњските сили на надградените возила во лер позиција ги параа ушните тапанчиња.

Општината им додели пехари на најдобрите олдтајмери, а мерка за бодување беше надворешниот и внатрешниот изглед, староста, вештата реставрација и оригиналноста.  

Loading