НАПРЕД СТЕФАНИ

Во ОУ “Блаже Конески”

Градската библиотека “Борка Талески”, традиционално, по повод месецот на книгата организира и објавува конкурс под наслов “Млади библиотекари”. Тоа е натпревар на кој силите во знаења од областа на библиотекарството ги “одмеруваат” учениците од основните училишта. Да се запази целосна анонимност и да се избегнат било какви манипулации при изборот, секој учесник се натпреварува под  шифра. Комисијата по бодирањето на тестовите, проверува кој се крие зад шифрата на секој од тестовите и ги објавува резултатите .

Годинава на натпреварот учество зедоа рекорден број натпреварувачи, дури 24, од основните училишта на општина Прилеп и општина Кривогаштани. ОУ “Блаже Конески” во “поход” ги прати осмоодделенките Стефани Мажучанец и Деспина Јосифоска, под менторство на библиотекарот Вера Искова. И не згреши, затоа што Деспина Јосифоска се искачи до 4-то место, што секако, не е за потценување. Мажучанец се врати како победник, освојувајќи го првото место. Таа ќе учествува на националниот натпревар за избор на “најбиблиотекар”, во организација на универзитетската библиотека “Св.Климент Охридски”.

Loading