Гимнастика
Отпадна можноста за организација на финалниот државен гимнастички турнир од А лигата. КГС Партизан Прилеп нема да биде домаќин поради несекојдневни причини. Градов нема сала со технички услови за монтирање справи. Така, 13 гимнастичари од клубот – финалисти и водечки во своите категории, ќе патуваат идната недела во Битола.
Последниот турнир пред својата публика беше во 2010 година.