МОНОГРАФИЈАТА ЗА 11 ОКТОМВРИ

“Победничкиот истрел – 71 година од утрешнината” е монографијата од новинарот Елизабета Митреска која се промовира за одбележувањето на празникот – 11 Октомври. Монографијата е континуитет на обновувањето на Меморијалниот Музеј 11 Октомври.

Публикацијата е потсетник за борците, за идеите, за исконската потреба да си свој на своето.

– Со годините правев анкети за празникот. Многу материјали најдов во “Нова Македонија” од 1947 наваму. Ставена е мапа, што е дел од дневникот на Киро Крстески – Платник, борец на првиот прилепски партизански одред “Гоце Делчев”. На преку 100 страници се поместени оригинални документи и фотографии, но и сеќавања, за настаните пред 11 октомври, приликите во Прилеп, во Македонија, подготовките, акциите, протестите. Носечки е вооружениот напад. Место има и за одредот, борците и за песната “А бре Македонче”, а во посебно поглавје за Востанието има за Кузман Јосифоски – Питу, Ченто, Колишевски, Глигоров…, па до изјави на Иванов, Вељаноски, Груевски, дадени во одделни пригоди. Има страници за Методија Шаторов – Шарло, како секретар на ПК на КПМ. Посебно е поглавјето за Музејот – вели Митреска.

Монографијата финансиски е поддржана од Министерството за култура, а покровител е општината. 

Loading